Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е во фокусот на јавноста, откако опозициската СДСМ побара Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), да провери дали има поврзаност со фирма во соседна Бугарија.
Засега од него нема реакција за оваа обвинување.
Инаку, неговиот имот, ДКСК го проверува од 2024 година, кога стапи на таа функција, но од таму за Слободен печат велат дека за конкретниот случај имаат ограничени механизми за да проверат имот во странска држава.
Велат и дека сè уште немале одлучено дали ќе бараат изјава од него заверена на нотар, или ќе ги проверуваат информациите на друг начин.
еМагазин провери каков имот пријавил до Антикорупциска кога станал генерален секретар на Владата.
Каков имот пријавил
На свое име има недвижен имот во Скопје.

Пријавил и едно возило.

Податоци за фирма во истиот нема.
Фото: Јанушев/Фејсбук














