На 03.08.2020 во 00.20 часот во Кочани полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода Б.В.(42) од Кочани постапувајќи по претходна пријава на В.Б.(41) од Кочани дека на 02.08.2020 околу 23.30 часот пред казино во Кочани, Б.В. со нож се обидел да го повреди пријавителот откако претходно Б.В. со секира го повредил Д.З, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.