еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Играорецот кој го постави албанското знаме на Самoилова тврдина доби парична казна и забрана за влез во државата

Играорецот кој вчера го постави албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, плати парична казна од 1.100 евра и доби пет години забрана за влез во Македонија.

Казната ја одреди судија на претходна постапка по вчерашниот инцидент кога четири лица, членови на наводна фолклорната група Арбераши од Косово, го поставија албанско знаме на тврдината во Охрид како дел од кореографија за нивен видео запис.

Казнетиот играорец веднаш ја напуштил Македонија во придружба на полицијата.

За овој инцидент биле приведени две лица, но казнет беше само играорецот Ѓерг Прекоцај (50) од Косово, а со место на живеење во Лозана, Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците за албанското знаме на Самоилова тврдина: Не се променил дискриминаторскиот менталитет

Лица кои наводно се членови на фолклорна група од Косово го поставиле албанското знаме на тврдината во Охрид

Големо албанско знаме поставено на Самоуловата тврдина во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладиот на 41-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа 9 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Алтернатива вечерва ќе одлучува за идните чекори при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција

Во хрватска фирма се парите од набавката за која е осомничен Зеќири, тврди Русковска

Редакција