еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Црна Гора воведува построги мерки, се зголемува бројот на заразени од Ковид-19, но се уште нема делта сој

Црногорските здравствени власти ќе предложат построги мерки откако во вторникот се регистрирани 65 нови случаи на коронавирусот, најмногу во еден ден во последните два месеци, пренесуваат локалните медиуми.

Кон средината на април, Црна Гора почна со укинување на епидемиолошките мерки кои потполно беа либерализирани од почетокот на летната туристичка сезона.

Бидејќи најголемиот број на случаи се однесуваат на туристичките дестинации, здравствените власти се заканија на сопствениците на кафулиња и ресторани дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго казнето со парични казни и затворање на објектите на три дена.

Ако некој, повеќе пати ги крши епидемиолошките мерки, се затвора на 15 до 30 дена, соопшти тамошното Министерство за здравство.

Во Црна Гора, се уште не е потврдена делта варијантата на Ковид-19.

Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 95-годишна возраст почина филмската легенда Џина Лолобриџида

Редакција

Твитер „полуде“ за Законот за амнестија: „Господа од СДСМ објавете јавно дека сте во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“

Редакција

На автопатот Тетово – Скопје удрена и усмртена мечка

Редакција