еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

На 95-годишна возраст почина филмската легенда Џина Лолобриџида

Џина Лолобриџида, која со децении го претставуваше италијанскиот стереотип за медитеранска убавица и беше наречена „најубавата жена на светот“ – по насловот на еден од нејзините филмови, почина во Рим на 95-годишна возраст.

Филмската кариера ја започна во 1946 година, а животот го поминала во Рим. Некои од нејзините најзначајни филмови се „Леб, љубов и соништа“, „Кралот, кралицата и слугата“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царската Венера“, „Ѕвонарот на Нотр Дам“.

Таа глумеше со други големи актерски имиња, вклучувајќи ги Шон Конери, Марчело Мастројани, Рок Хадсон и Хемфри Богарт.

Кога ја напушти филмската кариера, таа се занимаваше со фотографија и политика во текот на 1960-те.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвара влезот на Охрид кој беше затворен поради градежни работи

Редакција

Шест лица кои примиле трета доза вакцина починале во јануари

Редакција

(ФОТО) Граѓански марш во Тетово за почит на жртвите од пожарот во ковид-центарот

Редакција