еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

На 4 април 2021 година во Бугарија се гласа за избор на народни претставници за бугарското Собрание. За таа цел, согласно член 31, ал. 1 во врска со член 32 од Изборниот законик на Бугарија, бугарските државјани кои живеат надвор од Бугарија имаат обврска да се пријават за гласање во акредитираните центри за гласање, објави венсикот на македонското здружение „Илинден“.

„Таквата обврска ја имаат искористено и лицата кои изразиле желба да гласаат во Бугарската амбасада во Република Албанија.

Според, јавно објавениот списокот на лица кои изразиле желба да гласаат на изборите за народни претставници на 4 април 2021 година во Албанија/Тирана (Амбасада) забележани се 15 лица.

Голем дел од нив се вработени во Бугарската амбасада.

Извор: Илинден

Така што, станува нејасно каде се оние илјадници Бугари во Албанија за кои говорат официјалните бугарски политички кругови.

Познато е дека со години бугарските емисари се обидуваат да ги убедат Македонците во Албанија дека треба да се пишуваат и изјавнуваат како Бугари.

Но, Бугари во Албанија не постојат или се во минорен број, а за интересот за гласање на „Бугарите“ во Албанија најдобро говори јавно објавениот список.

Од друга страна, Согласно овој список, јасно е дека со невидени уцени и притисоци од страна на Република Бугарија, како членката на Европската Унија, врз албанските политички елити во 2017 година во Албанија беше промовирано непостоечко бугарско малцинство.

Списокот кој јавно го објавува Бугарската амбасада во Тирана, покренува неколку прашања и тоа до кога Европската Унија, која се декларира како демократска заедница на рамноправни народи ќе ги толерира уценувачките политики на бугарската  држава кон Македонците во Албанија и албанските власти?

До кога европските институции ќе одобруваат средства за подобрување на животот на Македонците во Албанија, а кои бугарската држава ќе ги претставува како нејзин влог во подобрување на стандардот и општиот благодет на Македонците во Албанија?

До кога Европската Унија ќе го толерира бугарското мешање во односите меѓу македонската и албанската држава?

Само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка“, пишува „Илинден“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Европскиот совет со кого се сретна Мицкоски во Брисел и порача на Македонија да ги почитува договорите

Редакција

Македонија изгуби од Португалија, не се пласира на Светското првенство во фудбал

Редакција

Јанкулоска сведочеше за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, беа информациите што стигнаа до мене

Редакција