еМагазин
Image default
Балкан

Инцидент со приватниот авион на Пацоли: Харадинај, Весели и Лимај за малку ќе завршеа во Србија

Косовската делегација која вчера отпатува за Брисел со приватниот авион на министерот за надворешени работи Беџет Пацоли, а во чиј состав беа и претседателот на Собранието, Кадри Весели, премиерот Рамуш Харадинај и вицепремиерот Фатмир Лимај, за малку ќе завршеше во Србија, каде што за последниве тројца поранешни челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) е распишано потерница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Директорот на телевизијата Клан Косова, Батон Хаџиу, кој бил заедно со нив во авионот, изјави за медиумите дека инцидентот се случил поради невнимание на контролната кула на аеродромот во Тирана, кој ги упатил на воздушна линија која ќе го однела леталото на територија на Република Српска, чиј воздушен простор го контролира Србија.

– Целата ситуација можеше да доведе до дипломатски инцидент, бидејќи српските надлежни органи можеа да го приземјат авионот и да ги уапсат косовските челници како поранешни водачи на ОВК, рече Хаџиу.

Грешката на време ја забележал самиот Пацоли, кој му наредил на пилотот да се врати во Тирана, од каде што подоцна синоќа преку воздушната линија на италијански Бриндизи заминале за Брисел.

Косовскиот државен врв, предводен од претседателот Хашим Тачи, се наоѓа во Брисел на нов круг преговори со Србија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финале на Договорот од Преспа во Грција, Атина под засилени безбедносни мерки поради новиот протест

Редакција

Грчките камионџии на протест поради „хаосот“ на граничниот премин Евзони

Редакција

(ВИДЕО) Антонио Бандерас снима филм во Солун

Редакција