еМагазин
Image default
Свет

Индија е зафатена од „бура“ на зараза со Ковид-19: Нови 349.691 случаи, а починале 2.467 пациенти

Индискиот премиер, Нарендра Моди денеска ги повика сите граѓани во земјата да се вакцинираат и да бидат внимателни, имајќи предвид дека Индија е погодена од „бура“ на заразата со коронавирусот.

Само во последните 24 часа бројот на инфекции со коронавирусот се зголеми за нови 349.691 случаи, што претставува нов црн рекорд во земјата, четврти ден по ред.

Поради недостиг на медицински кислород и кревети, болниците во Њу Делхи и низ целата земја почнаа да одбиваат пациенти.

„Бевме самоуверени, расположението ни се подобри по првиот бран, но оваа бура ја стресе земјата,“ рече Моди во радио обраќање.

Владата на Моди се соочува со критики затоа што дозволи големи верски и политички митинзи откако бројот на заразени во Индија нагло опадна под 10.000 на ден и не планираше да го зајакнува здравствениот систем.

Пакистан му понуди медицинска помош на својот регионален ривал, Индија, поради новиот тежок бран на епидемијата со коронавирусот што ја погоди, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.

„Како израз на солидарност со народот во Индија во актуелниот бран со Ковид-19, Пакистан понуди помош, вклучувајќи и респиратори“, соопшти доцна синоќа пакистанското МНР.

Министерството побара од индиските власти да помогнат во координирање на брзата испорака на сета потребна опрема, се наведува во соопштението.

Понудата од Пакистан доаѓа во време на брз раст на бројот на новоинфицирани во Индија, што создаде огромен притисок врз болниците и резервите од кислород.

Само во последните 24 часа од Ковид-19 во Индија умреа 2.467 пациенти, што е најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки фотографии од запалени луѓе во Буча

Редакција

Последици од Ковид-19 по менталното здравје: Зголемена депресивност и анксиозност, посебно помеѓу жените

Редакција

Бајден избран за претседател на САД

Редакција