еМагазин
Image default
Свет

Индиска варијанта на Ковид-19 се шири, вакцината на „Фајзер“ делумно ефикасна

Израел регистрира осум случаи на варијанта на коронавирусот кои првпат се идентификувани во Индија и се верува дека вакцината на „Фајзер“ делумно штити од неа, изјави денеска израелски здравствен службеник.

„Првите седум случаи на индиска варијанта на коронавирусот беа откриени во Израел минатата недела меѓу луѓе кои пристигнале од надвор и кои оттогаш биле подложени на прелиминарно тестирање“, соопшти Министерството за здравство.

Впечаток е дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против варијантите, иако со намалена ефикасност, рече Кан Хези Леви од Министерството за здравство, додавајќи дека бројот на нови варијанти вируси во Израел се зголеми на осум.

Велика Британија и Ирска исто така објавија дека ја истражуваат индиската варијанта откако ја откриле во нивната земја.

Израел, земја со 9,3 милиони жители, целосно вакцинира 81 процент од граѓаните постари од 16 години. Инфекцијата со Ковид-19 и хоспитализациите нагло се намалија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бразил е ново жариште на корона вирусот, за еден ден регистрирани 1.179 починати

Редакција

Италија ќе ги врати на работа медицинските лица кои беа антиваксери

Редакција

Магазинот „Тајм“ ги избра Џо Бајден и Камала Харис за личности на годината за 2020 година

Редакција