еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Индустријата работи турбо преку летово, а во Скопје нема загадување над дозволеното

Доколку во текот на летово ја проверувате апликацијата “Мојот воздух“, ќе приметивте дека во Скопје нема загадување над дозволеното и покрај тоа што големите компании од индустријата, кои секоја зима се ставаат на тапет и се посочуваат како загадувачи, работат турбо.

Овој факт ги потврдува бројните истражувања кои покажаа дека најголеми загадувачи се домаќинствата, не само во Скопје, од кои дури над 60% користат дрва за затоплување, но и превозните средства, како автомобилите, од кои голем процент немаат катализатори за издувни гасови и испуштаат високоштетни материи.

Загадувањето во Скопје сега не е тема, но ќе стане за неколку месеци, а овој период е вистинското време надлежните да најдат начин како да ги направат финансиски достапни другите начини за затоплување, кои нема да загадуваат.

Да не заборавиме и дека во групата на најголеми загадувачи се и бројни институции и јавни објекти кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Минатата зима од советничка листа во скопската општина Центар, „Шанса за Центар“ пресметаа дека станува збор за најмалку 100 такви објекти!

Потребно е време, работа со граѓаните и секако да им се понудат прифатливи алтернативи за греењето со дрва или масло за греење, но за да се промени начинот на греење кај државните институции е потребна пред се политичка волја и сериозни инвестиции во енергенси кои не загадуваат.

Покрај другите мерки, треба да се продолжи и со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин во Белград на 14. средба со Вучиќ: Ќе го чуваат снајперисти, 7.000 полицајци, 250 руски специјалци и три српски мига

Редакција

Македонец загина во сообраќајка во Малта, Почесниот конзулат на Малта ќе помогне за враќање на неговото тело во Македонија

Редакција

Досега никој од цивилите од Авганистан кои доаѓаат во Македонија не побарал политички азил

Редакција