еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Вчера низ Македонија изгаснати 19 пожари, нема активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати.

Активни пожари од вчерашните во државата, нема.

-Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш кон Ораовица во Радовиш, во близина на Мирјанина Црква во Штип, во Неготино, во Теранци, Уларци, Пожаране, Бервеница, кај патарината Гостивар – Тетово, улицата „Бистрица“ во Охрид, населбата Превалец во Велес, Радиовце во Боговиње, Алданци во Крушево и два пожара во Сарамзалино и Ќоселери во Лозово, соопштија од ЦУК.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Зеленски: „Украина не сака да биде покриена со тела на војници, тоа се збунети деца кои се искористени“

Редакција

Промет од 14,7 милиони евра остварија акциите на „Алкалоид“ за осум месеци

Редакција

Апасиев: Задоволни сме од резултатите на изборите, можни се предвремени парламентарни избори

Редакција