еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во мај 11.3%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало изнесува 99.1.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 13.3 %, свежото и разладеното овошје за 8.5 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.0 %, рибата и морските плодови за 1.6 %, жестоките пијалаци за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.5 %, месото за 0.4 %, кафето, чајот, какаото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0.2 %.

Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите услуги неспоменати на друго место за 10.6 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 4.9 %, медицинските услуги за 3.4 %, парамедицинските услуги за 2.9 %, обувките за 2.8 %, услугите за сместување за 1.8 %, фармацевтските производи, туристичките аранжмани за 1.6 %, производите за домаќинството – нетрајни за 1.4 %, домашните миленици и сродните производи за 0.9 %, моторните возила за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, рестораните, кафулињата и слично за 0.7 %, облеката, мебелот и покуќнината, терапевтските помагала и опремата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 0.6 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.5 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 2.4 %, млекото за 1.6 % и лебот и житата за 0.7 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27.2 %, течните горива за домаќинствата за 7.3 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.5 %, гасот за домаќинствата за 4.3 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.0 %, медиумите за снимање за 1.8 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.5 %, стоматолошките услуги за 1.3 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.1 %, другите печатени материјали, другото образование за 1.0 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.6 %, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.5 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.

Индексот на трошоците на животот во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи зголемување од 11.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7.5 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ-ОА ги прифати во своја канонска јурисдикција архијереите на поранешната ПОА

Редакција

Нови 46 случаи на Ковид-19 од 3.073 тестирања

Редакција

ССМ го одбележа 1 Мај: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година

Редакција