еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Инспекција влезе во „Бардовци“ по видеата во кои пациенти тепаат пациент

Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди за МИА в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот.

– Kако новоназначен директор на психијатриската болница „Скопје“, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се тепаат меѓусебе.

Истите се сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд. Се однесува на лица кои сториле кривични дела како убиство, обид за убиство и друго.

Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови, се наведува во неговото соопштение до јавноста, а поврзано со видеата објавени на Фејсбук, каде се гледа како лица се тепаат.

Тој додава дека од негова страна по настанатиот случај се преземени сите безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните институции што во моментот се грижат за безбедноста.

– Очекувам во најкраток рок институционално решавање на случајот, а во меѓувреме започнав со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани. Крајната цел е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање, потенцира Арифи во обраќањето до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од „Бардовци“: Пациенти тепаат новодојден пациент и се снимаат

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Редакција

Судските постапки нема да запрат поради корона вирусот освен кај ретки исклучоци

Редакција

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Редакција