еМагазин
Image default
Бизнис

Информатичките компании со импонзантни резулати: Милијарда евра обрт, нови 1.200 вработени и 400 компании повеќе

Индустријата на информатико-комуникациски технологии (ИКТ) во земјава, и покрај ковид-кризата, бележи импозантни бројки.

Иднината е во дигитализацијата и затоа државата треба да ги зема предвид барањата на младите инженери, беше заклучокот од денешната средба на членовите на Управниот одбор на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И во време на пандемија, ИКТ компаниите имале континуитет во работењето. Лани регистрирале обрт од околу една милијарда евра, а бројот на вработени бил повеќе од 16.000, што е најмалку десет проценти раст во однос на 2019 година.

„Бројките се навистина добри. ИКТ бележи раст за разлика од другите индустрии. За време на пандемијата имаме континуитет во работата. Немавме големи проблеми, работата од дома за кој инсистираме и натаму да се применува, не придонесе за пад.

Идината е во дигитализацијата. Нашата индустрија треба да оди напред и треба да се има голем обзир кон неа и кон барањата на младите ИКТ инженери,“ изјави претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски.

Таа посочи и дека лани се отвориле околу 400 нови компании, а бројот на нововработени се зголемил за 1.200.

„Приходот од работењето е скоро една милијарда евра, што е раст од 12 отсто за една година и големо достигнување. Ова ќе се случеше во секој случај. Дигитализацијата има пораст во целиот свет посебно зашто сите индустрии работат на база на дигитализација поради ковид-кризата,“ рече Антова Пешева.

МИА/Фото: Photo by Burst on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс-министерката и основач на „Групер“, Нина Ангеловска ќе го развива бизнисот на српска компанија за онлајн трговија

Редакција

БИМ од Свети Николе ги објави платите на менаџментот

Редакција

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Редакција