еМагазин
Image default
Македонија

Статутот и програмата на згаснатиот бугарски клуб “Иван Михајлов“ денеска пред уставните судии

Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа една иницијатива за оценување на уставност и законитост и една иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружение на граѓани.

Политичката партија „Левица” поднесе иницијатива до Судот со која ги оспорува Статутот и програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”.

Како што информирааат од Судот, подносителот наведува дека оспорените Статут и програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот, затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост.

Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од бугарското здружение “Иван Михајлов“ ќе се жалат во Стразбур откако добија негативно мислење за името

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е докторот Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Дебар

Редакција

Почина петгодишно девојче на Детската клиника од компликации предизвикани од грип

Редакција

Викендов ќе се поместат стрелките на часовникот: Останува зимското сметање на времето

Редакција