Во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за МИА, во врска со случајот со градинката во Шуто Оризари.
– Министерството за труд и социјална политика информира дека официјално нема добиено претставка за случајот во градинката „8-Април“ во Шуто Оризари. Меѓутоа по допрен глас од медиумите и по службена должност, во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата.
За утврдување на фактичката состојба и неправилности во работата на стручниот кадар, кој го згрижувал детето, ќе бидат преземени мерки согласно Законот за заштита на децата, нагласуваат од МТСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
11-месечно бебе повредено додека престојувало во градинка
МИА/Фото: Министерство за труд и социјална работа