еМагазин
Image default
Македонија

Инспекциски надзор во болницата во Битола откако беше објавено дека пациент додека прима инфузија, на други болнички кревети лежат починати пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче побара од Државниот санитерен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти, информираат од Министерство за здравство (МЗ).

„Претходно Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информираше во МЗ дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.

Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“.

Од таа причина телото на починатиот не можело  да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Четворица од 13 мигранти повредени  во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

Редакција

Законите за коридорите 8 и 10д по скратена постапка и со европско знаменце денеска на собраниска седница

Редакција