еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Инспекциски надзор во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи беше објавено дека пациент бил вратен поради возраста

Министерот за здравство Венко Филипче рано утрово побарал од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст.

„ДСЗИ попладнево го информираше министерот Филипче дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години.

Министерот разговараше и телефонски со Христијан Костов, директор на ГОБ 8 Септември. Според д-р Костов, во моментов во ГОБ 8 Септември, најмладиот ковид пациент е на 20 годишна возраст, а хоспитализирани се и пациенти над 72 години.

Костов појаснил дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран,“ соопштуваат од Министерство за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот во 2020: Ковид-19 – пандемијата што го фрли светот на колена

Редакција

(Фото) Национална потерница за поранешниот претседател на Кривичен, Панчевски

Редакција

Ревакцинирани 43,5% од полнолетните граѓани во државата, 67 вчера примиле трета доза

Редакција