еМагазин
Image default
Бизнис

Интернешнел Хотелс во загуба

Во првите девет месеци од годинава, Интернешнел Хотелс АД Скопје, оствари вкупни приходи од 25,390 милиони денари, кои се зголемени во однос на истиот период во 2020 година, а вкупните трошоци изнесуваат 39,256 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварен е негативен финансиски резултат во износ од 13,865 милиони денари.

Деловната активност на Друштвото во третиот квартал беше зголемена споредено со истиот период  минатата година.

Со оглед на тоа дека глобалната здравствена пандемија се уште трае и се одразува и на севкупната економија во светот, со олабавување на мерките и отварање на границите Друштвото во второто тромеечие отпочна со редовно извршување на својата дејност.

Менувачницата Интернешнел Хотелс менувачница ДООЕЛ Скопје, со која се врши консолидација на извештаите, не оствари промет во трите квартали во оваа година, нема влијание на остварениот  финансиски резултат.

Во новонастанатите услови во наредниот период Друштвото ќе настојува да ги намали финасиските трошоци предизвикани од здравствената пандемија“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Интернешнел хотелс“ со загуба од 28,6 милиони денари за девет месеци

„Интернешнел Хотелс“ лани во загуба од 3,4 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Синпекс вреден 318,5 илјади евра

Редакција

„Про-инженеринг“ го доби тендерот на општина Сарај за изработка на урбанистички планови вреден 153.000 евра

Редакција

Стопанска банка Скопје лани со зголемена добивка за 36%

Редакција