еМагазин
Image default
Македонија

Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собранска седница на 2. ноември

На собраниската седница закажана за 2. ноември ќе се расправа по Предлогот за интерпелација на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата.

Интерпелацијата е ставена како 13 точка на дневен ред на пленарната седница.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија, чиј мандат истекува во февруари.

На истата седница како 15 точка е ставена и Предлог одлуката за огласување избор на член на Државната изборна комисија (ДИК). По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во Брисел кажа НЕ за францускиот предлог

Редакција

74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, вели Заев

Редакција

Нови 1.259 случаи на Ковид-19 од 4.555 тестирања

Редакција