еМагазин
Image default
Свет

Интерпол: Претседателот Хонгвеј поднесе оставка пред заминувањето за Кина

Високиот кинески официјален претставник Менг Хонгвеј, чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред десет дена, поднесе оставка од функцијата претседател на Интерпол во пресрет на заминувањето за Кина, соопшти Интерпол.

Интерпол не ја појасни причината за неговата оставка, но соопшти дека таа веднаш стапила на сила.

Во соопштението се наведува дека вршител на должноста претседател на Интерпол ќе биде потпретседателот во Извршниот комитет на Интерпол, Ким Џонг Јанг од Јужна Кореја.

Дисциплинскиот орган на Комунистичката партија на Кина соопшти дека претседателот на Интерпол Менг Хонгвеј е под истрага поради сомневања дека прекршил закони.

Менг Хонгвеј, кој е заменик кинески министер за јавна безбедност, е „осомничен за кршење закони и во моментот е под истрага и надзор“ на новото кинеско тело за борба против корупција, Националната надзорна комисија.

Тоа соопштение службата на КП надлежна за борба со корупција и политичка нелојалност го објави синоќа на својот сајт.

Истовремено, сопругата Грејс Менг изјави дека сопругот пред да исчезне за време на патување кон Кина испратил фотографија на нож.

Таа вчера во Лион изјави дека верува оти тој се обидел со тоа да и каже дека е во опасност. Пораката и била пратена на 25 септември и таа оттогаш  не е во контакт со него.

Интепол официјално побара информации од Кина за Менг, кој исчезна откако дошол во Кина на посета.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД обвинува дека Русија ќе употреби хемиско оружје во Украина, Москва вели дека се шпекулации

Редакција

Германски компании ќе мора да затворат, поради недостаток на гас

Редакција

(Видео) Во Мариупол, градот што повеќе не постои, прекин на огнот за евакуација на цивилите

Редакција