еМагазин
Image default
Бизнис

„Интерпромет“ ја зголеми добивката за 678 отсто

„Интерпромет“ АД Тетово во периодот од 01.01-30.06 2019 година оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 39.615.000 денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2018 година во износ од 5.840.000 денари што претставува зголемување од 678% или нето добивка поголема за 30.397.000 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Ова се должи на зголемени приходи од 37.963.000 денари од продажба на деловен објект (ДТЦ) и приходи од 13.069.000 денари од основната дејност (издавање на деловен простор под закуп) кои во споредба со истиот период од претходната 2018 година се помали за 693.000 денари кога истите изнесувале 13.762.000 денари, како и зголемените останати приходи за износ од 75.000 денари“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Калков назначен за нов стечаен управник на штипски „Бетон“

Редакција

(Фото) Македонската компанија „Сајтрокс“ ставена на црната листа на САД

Редакција

Раст од 364,66% на добивката на Стопанска банка Битола

Редакција