еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст од 364,66% на добивката на Стопанска банка Битола

Стопанска банка АД Битола, заклучно со третиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Во услови на бавно постковид закрепнување, кое и понатаму наметнува низа економски предизвици, Банката успешно ги остварува клучните стратешки цели дефинирани во Деловната политика, во развојниот и финансискиот план, при што клучна беше умешноста на менаџментот и на вработените за краткорочно приспособување и флексибилност во услови на работа што се карактеризираа со висок степен на неизвесност“, велат од Банката.

Во првите девет месеци од тековната година, напорите на Банката беа насочени кон наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, кои заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година, односно нето-добивка во износ од 382,66 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 364,66% споредено со истиот период од минатата година, велат од Банката.

“Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 30.9.2021 година се задржаа на релативно стабилно ниво, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година.

Фокусот на контрола на расходите по камати придонесе за нивно намалување од 9,96 %, со што во голема мера се компензираше намалувањето од 4,45 % на страната на приходите од камати, кои неминовно го следат надолниот тренд на активните каматни стапки во банкарскиот сектор, намалувањето на основната каматна стапка на НБРСМ, а воедно ја одразуваат и намалената економска активност како последица на ковид-кризата.

Следствено, нето-приходите од камати се пониски за само 4,76 милиони денари, односно 2,18 % споредено со остварените во периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година. Остварувањето на планот за третиот квартал од 2021 година во оваа позиција изнесува 80,59 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци забележаа солиден раст од 13,73 %, односно 13,30 милиони денари споредено со периодот 1.1.2020 – 30.9.2020 година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран позначаен годишен раст од 20,73 милиони денари, додека расходите пораснаа за 7,43 милиони денари. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за третиот квартал од 2021 година за 19,54 %.

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 12,47 %, што главно е резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај во претходната година.

Исто и во оваа позиција реализацијата е поголема од планот за третиот квартал од тековната година за 15,57 %.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 301,69 милиони денари, што генерално се должи на ослободената исправка на вредноста од наплатата на претходно отпишано побарување нетирано со резервациите за пласмани според проценките на ризик.

Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 15,77 милиони денари, следствено на продажба на дел од преземениот имот во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,72 % споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,33 %.

Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ, а реализацијата на планот изнесува 91,53 %. Амортизацијата е зголемена за 14,27 % на годишна основа, а планот е остварен со 83,52%“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола со раст на добивката за 666,47%

Стопанска банка Битола купила имот во градба во Скопје

Стопанска банка Битола оствари добивка од шест милиони денари во првото тримесечје од 2021 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Панел-дискусија: Македонија не смее да подржи преговарачки процес со ЕУ, кој ќе стане основа на разнебитување на нашата државност

Редакција

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Редакција

Пелистерка лани работела со загуба

Редакција