еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Иселеник од Делчево во Италија за својот труд награден со средба со Папата Франциск

Иселеник во Италија по потекло од Делчево е прогласен за најдобар работник во италијанскиот регион Монфорте. Како награда за својот долгогодишен труд во познатата винарија „Azienda Agricola Castello Di Perno“, сопственикот на винаријата на делчевецот Зоран Момчилов му овозможи да се сретне со Папата Франциск.

-Средбата беше кратка, а приликата ја искористивме да му подариме на Папата Франциск од квалитетните вина од нашата винарија.

Се заблагодарам за довербата која ми ја укажаа сопствениците и да додадам дека ова за мене ќе биде стимул уште посилно да се вложам себе си во работата, истакна Момчило.

Иако татковината му е во срцето, Момчилов со сопругата и семејството, својата среќа од поодамна ја нашле во Монфорте.

Областа е позната по лозарството и е регион каде најразвиено е производството на вино како и туризмот.

Во овој дел од Италија својата егзистенција ја нашле околу 30-тина семејства од Делчевско.

МИА/Фото: delcevo365.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да купите државен стан во Битола за 1.000 евра по квадрат: Сите детали

Редакција

Антикорупциска лани донела одлуки по 707 предмети, најголем дел од нив поврзани со корупција

Редакција

73 пратеници за 11 месеци лани инкасирале 360.00 евра за патни трошоци, рекордери Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди

Редакција