еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска лани донела одлуки по 707 предмети, најголем дел од нив поврзани со корупција

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во текот на минатата година донесе одлуки по вкупно 707 предмети. Од нив 404 одлуки се од областа на корупцијата, 171 од областа на судирот на интереси, 40 одлуки се однесуваат на непочитување на законски одредби за време на изборниот процес, а 92 на проверка на имотот на функционерите.

Ова денеска го соопшти претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на прес-конференција на која беа сублимирани активностите реализирани во рамките на Кампањата за интегритет, која е дел од проектот за „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Република Северна Македонија“.

– Комисијата покрена и над 794 постапки по сопствена иницијатива, прими и разгледа 819 пријави од граѓани, организации, институции, со сомневање на постоење на корупција, злоупотреба и судир на интереси.

Дополнително е извршена и антикорупциска проверка на 17 закони, а благодарение на одличната соработка со институциите и граѓанските организации. ДКСК започна со следење на спроведувањето на активностите превдвидени со Националната стратегија, информира Ивановска.

Говорејќи за активностите во рамки на проектот, Ивановска посочи дека во Комисијата реализирале крупни активности, кои во голема мера ја подигнаа системската борба против корупцијата и судирот на интереси.

– Тука би ги издвоила и укажувачите како важна алка во зајакнување на принципите за владеење на правото. За да го унапредиме овој систем и да создадеме услови за тој да заживее, развиваме и софтверско решение за поддршка на укажувачите.

Со ова решение се олеснува процесот на пријава на неправилности, а притоа се охрабруваат поединците полесно и на анонимен начин да ги пријавуваат своите сомнежи и сознанија за постоење корупција.

За да придонесеме повеќе за создавање позитивна клима за заштита на укажувачите и воопшто за олеснување на овој процес, оваа алатка им ја понудивме и на повеќе други институции кои инаку се законски обврзани да ги следат укажувачите, а голем дел од нив и веќе ја прифатија оваа можност да ја користат – меѓу нив Народниот правобранител, Инспекцискиот совет и повеќе инспекторати, појасни Ивановска, додавајќи дека во тек е инсталација на ова софтверско решение во МВР.

Претседателката на ДКСК посочи дека го вовеле и системот на интегритет преку кој им пристапиле на институциите на централно и на локално ниво. Преку овој систем, како што појасни, тие се обврзани на воспоставување, спроведување, следење и известување за примената на системот на интегритет.

– На овој начин ќе ги следиме и ќе имаме добар увид и мерливи резултати за постоењето на корупцијата на сите нивоа. Понатаму, дигитализиравме повеќе алатки со кои го олеснивме начинот на делување против корупцијата.

Би ги издвоила ккреирање софтверско решение за спроведување на Националаната стратегија, по кое лесно ќе може да измериме која институција постапува и ги применува препораките дадени од ДКСК, воспоставена е мобилна апликација за да бидеме блиску до секој граѓанин и да укажеме на потребата од поголема транспрентност со што значително ќе се олесни можноста за преземање на активност од страна на секој поединец, додаде Ивановска.

Таа најави дека за кратко време ќе се доврши и регистарот за избрани и именувани лица со кој ќе имаат електронско доставување на изјавите за имотна состојба и интереси, систем на прибирање податоци од други институции, нивна обработка, итн. Во тек е и донесувањето на квантитативно истражување за перцепциите и ставовите на граѓаните за укажувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска комисија за 20 години доставила само 165 иницијативи до Обвинителство, од кои само три дошле на суд

Кампања за интегитет: Зголемена свеста на граѓаните за поголем интегритет на институциите преку транспарентност и владење на правото

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжен куќниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Редакција

(Фото) Новак Ѓоковиќ ја сподели успешната приказна на младиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец

Редакција

Во Сингелиќ пукано во возило со сопружници

Редакција