еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Исплатен аванс од 3,2 милијарди денари за автопатите од коридорите 8 и 10д, кои уште не почнале да се градат

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на коридор 8 и 10д, согласно Програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектите на коридорите 8 и 10д за 2023 година усвоена од Владата и објавена во Службен весник бр.63/23, исплатени се 3.280.000.000 денари.

– Овие средства се наменети за авансно плаќање согласно со член 14.2. од Договорот за изградба на коридор 8 и коридорот 10д, односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување на кампови, лабараторија и други работи од страна на изведувачот, соопштија денеска од Јавно претпријатие за државни патишта.

Ккао што стои во соопштението, коридорите 8 и 10д се стратешки приоритет и најголем инфрастрктурен проект со кој до 2027 година ќе се изградат 110 километри автопатишта за што државата ќе издвои околу 1,3 милијарда евра.

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

Приведен екс-пратеникот Љубомир Јосифовски поради сомнеж за неовластен упад во компјутерскиот систем на Централниот регистар

Редакција

„Е не бе, како Ева и Александра Заеви„: Твитерџиите во одбрана на синот на Силјановска што свири на кавал во парк

Редакција