еМагазин
Image default
Македонија

Историчарите од Македонија и Бугарија ќе продолжат со средби во септември, последната била конструктивна

Во конструктивна атмосфера поминала 19-тата средба на заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржа во Софија.

Како што соопшти македонскиот тим во Заедничката комисија, членовите на Комисијата воделе дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование, кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период.

-На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година, стои во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравство

Редакција

Анкета: Србија најпријателска земја, Бугарија за пријателска ја сметаат само 0,2% од граѓаните

Редакција

Изречени 660 казни за неносење маска

Редакција