еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрагата за Жан Митрев се очекува да заврши во следните два – три месеци

Истражната постапка за сторена измама во болницата Жан Митрев во Основно јавно обвинителство Скопје е во тек и се прибираат материјални докази – сослушување на оштетени и измамени лица и се очекува да заврши во следните два – три месеци.

Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, досега се сослушани околу 80 проценти од лицата кои се измамени и тоа во следниот период ќе биде завршено.

Во однос на безбедносните мерки против обвинетиот, од ОЈО Скопје велат дека има одземени патни исправи и депонирана гаранција од еден милион евра пред Судот дека нема да бега до завршување на постапката.

– Сега за сега со овие мерки сметаме дека тоа е доволно за да се обезбеди присуство на обвинетиот, посочуваат од ОЈО Скопје.

На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата доктор Жан Митрев е осомничен за измама на пациенти, откако по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година.

„Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација“, соопштија тогаш од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со 1 милион евра во кеш Жан Митрев гарантира дека нема да бега

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдени мобилни и и други недозволени средства при претрес во ќелиите на осудените во „Диво насеље“ во Идризово

Редакција

Убава вест: 120 оздравени лица од Ковид-19, од кои 94 се од Скопје

Редакција

Караџовски: Британскиот сој е „чудовиште“ кое прави компликации за три дена и зафаќа бели дробови, глава, срце, црн дроб, бубрези

Редакција