еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата објави „црна листа“ на борци од Македонија кои се бореле за ИСИС во Сирија

Владата објави „црна листа“ на борци од Македонија кои се бореле за “Исламската држава“ (ИСИС) во Сирија на која се наоѓаат 15 македонски државјани.

Станува збор за мажи на возраст од околу 30 години од Гостивар, Скопје, Куманови и Струга.

Тие финансиски се казнети со одлуката на Владата за учество во војната во Сирија и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Станува збор за лица кои не се во земјава и против кои веќе е спроведена истрага и е распишана меѓународна потерница.

Одлуката на Владата значи дека на овие лица им се забранува користење, пренесување или на друг начин да располагаат со имот, забрана за ставање на располагање на кој било имот, директно или индиректно, и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.

Одлуката е донесена на 13 септември, а е објавена во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разунавање.

Петнаесет лица од „црната листа“ ја напуштиле Македонија во 2014 и 2015 година како членови на ИСИС за да се борат во Сирија. Некои од нив се кривично гонети за обезбедување пари за лица кои заминуваат или се присутни во Сирија, додека друг дел охрабрувале лица со семејства да заминат во Сирија.

Олуката ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново бегство од затворот во Шутка

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Невремето на Халкидики дошло од Преспа

Редакција