еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување: Луѓето кои биле заразени од Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција

Луѓето кои веќе го прележале Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција, предупредува нова студија на американски научници.

Истражувачи од Медицинскиот факултет ИСММС во Њујорк анализирале податоци за повеќе од 3.000 здрави припадници на американскиот марински корпус на возраст од 18 до 20 години, пишува британски „Дејли меил“.

Весникот наведува дека тие откриле дека околу 10 проценти од луѓето вклучени во студијата кои претходно биле заразени од Ковид-19 повторно биле инфицирани.

Авторите на студијата предупредуваат дека вакцинацијата, и покрај претходната инфекција и присуството на антитела, сепак е неопходна за зајакнување на имунолошкиот одговор, спречување повторна инфекција и намалување на преносот.

Наведено е дека треба да се имунизираат и младите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Музејот на современата уметност денеска две изложби и пролетно матине

Редакција

100.000 граѓани за 50 дена до изборите можат да извадат документи, смета Џафери

Редакција

Садула Дураки од ДУИ поднесе оставка од функцијата заменик претседател на ОД на Македонски Телеком

Редакција