еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

100.000 граѓани за 50 дена до изборите можат да извадат документи, смета Џафери

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека 100.000 граѓани, на 50 дена до изборите, имаат шанса да извадат лични документи, за да го остварат своето гласачко право.

Ова уверување, Џафери го правда со податокот на Министерството за внатрешни работи (МВР), според кое само за еден месец, од 1 до 29. февруари се изготвени над 95 илјади пасоши со новото име на државата.

„Статистиките, кои што дадов задача, да се прават на дневна основа со податоци од МВР зборуваат за следново. Од 1. јануари до 29. февруари 2024 година вкупно за патни исправи – пасоши има 123.983 барања, од кои изготвени се 95.267. Ова е показател за динамиката на работа, за еден месец од 124.000 издадени се 92.002 патни исправи.

За лични карти примени се 82.235 барања, од кои се изготвени 71.410.

За возачки дозволи примени се 46.280 барања, од кои се изготвени 39.552.

Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите со оваа динамика, стоте илјади граѓани кои немаат документи, што се појавува како информација, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи, но првенствено и самиот граѓанин треба да го иницира барањето. За да имате документ треба вие да побарате,“ изјави денеска Џафери.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жестоки реакции за транспарентите „Македонија е Бугарија“ во бугарското Собрание, од ЕУ молк

Редакција

Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Редакција

Странец пронајден паднат во стан во Скопје, починал во болницата „8 Септември“

Редакција