еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истражување на Владата: 73% од граѓаните не го прележале корона вирусот, 51% планираат да се вакцинираат

Истражување на Владата покажува дека до средината на март, 73% од граѓаните во Македонија немале прележано Ковид-19.

Според истражувањето, 73% од анкетираните рекле дека ниту тие, ниту некој од нивното семејство не го прележале вирусот.

Истражувањето покажува дека 51% од граѓаните планираат да се вакцинираат, 18% се уште не донеле одлука, а 28% не планираат да примат вакцина против Ковид-19.

Македонските граѓани најмногу ја преферираат руската вакцина. 65% од нив рекле дека претпочитаат да се вакцинираат со Спутник В, 61% се определиле за Фајзер, а 50% за Синофарм. АстраЗенека ја избрале 34%.

Истражувањето покажува и дека 11% од граѓаните сметаат дека корона вирусот не постои, а 3% велат дека не знаат дали постои.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 8 до 16 март врз репрезентативен примерок од 1.100 испитаници.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет починати лица од Ковид-19, кај осум регистриран коморбидитет

Редакција

Унгарскиот министер за надворешни работи, Сијарто: Срамно е што ЕУ не донесе одлука за преговори денеска

Редакција

Рекорден број на 15 починати пациенти од корона вирусот во едно деноноќие, вкупно до сега 321

Редакција