еМагазин
Image default
Свет

Истражување за вакцината на Фајзер во Израел: Нема починати, само четири тешки случаи на 523.000 имунизирани

Израелска команија за здравствени услуги која вакцинираше половина милион луѓе со две дози вакцина на „Фајзер“ соопшти дека само 544 лица (0,1 отсто) биле дијагностицирани со коронавирус, имале четири тешки случаи и немало смртни случаи во Израел, објави Тајмс оф Израел.

Тоа значи дека вакцината е ефикасна 93 отсто, соопштија од здравствените услуги на „Макаби“, откако ги споредиле имунизираните со „разновидна“ контролна група на невакцинирани лица.

Вакцината се смета дека обезбедува целосна заштита една недела по втората доза. Податоците на Макаби ги опфаќаат сите оние кои ја примиле втората доза пред седум или повеќе дена.

Досега, податоците покажуваат дека ефикасноста на вакцината во реалниот свет е близу до онаа во клиничките испитувања (95 отсто).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талевска од Мелбурн за пожарите: Terra Australis (Непознатата земја) чекори кон непознатото

Редакција

(Видео) Во Русија продолжуваат протестите против војната во Украина, полицијата ги апси демонстрантите

Редакција

(Видео) Зеленски до руските мајки: Не ги испраќајте вашите деца во војна

Редакција