еМагазин
Image default
Македонија

Иванов и порачал на Могерини дека неговиот став е непроменет

Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини го повторил својот став дека ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, но дека „ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порачал дека „стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ“.

– Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската унија и во НАТО. Но, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат, рекол Иванов на средбата со Могерини.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Мораме да создадеме начин како да ги заловуваме кучињата кои растат во огромен број

Редакција

Заев: Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит

Редакција

Судењето за „27 април“ одложено за да одбраната на Чавков може да се подготви за изведување на предложените докази

Редакција