Аналитичарот Ивор Мицковски на својот Фејсбук-профил го искоментира објаснувањето на министерот за надворешни работи Бујар Османи за вработување на водителката Бесмира Ејупи во Министерство за надворешни работи.
„Спорно е Бујар, спорно е затоа што преку вашата фабрика за партизација наречена Министерство за политички систем, вработувате во МНР лице кое како хонорарец добивало пари и задачи за кое е предвидено да ги извршуваат вработени лица според систематизација.
Спорно е што тој систем го користите од 2017-та и така имате потрошено преку 2,5 милиони евра.
Спорно е и што според ДКСК, со таа пракса сторено е кривично дело по член 353-в (став 5) од Кривичниот законик, „несовесно работење во службата“.
Спорно е и што ја планиравте на мала врата да ја бутнете за конзул. Спорно е што криевте дека е вработена и што обвинувавте за шовинизам.
Така да, се е спорно, а особено спорна е партизацијата и кронизмот кои бесрамно ги спроведувате, особено во време на најголема криза (ваши зборови),“ пишува Мицковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Мицковски/Фејсбук