еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ беше целосно информирана и координирана за разговорите Заев-Гаши, тврди Османи

ДУИ беше целосно информирана за разговорите на премиерот и лидер во оставка на СДСМ, Зоран Заев со Африм Гаши за влезот на Алтернатива во Владата, изјави денеска министерот за надворешни работи и висоик функционер во ДУИ, Бујар Османи.

-Премиерот Заев разговорите со политичката партија Алтернатива ги вршеше во име на коалицијата. Така што ние бевме целосно информирани и координирани за разговорите што ги водеше премиерот Заев со политичките партии, рече Османи на новинарско прашање дали ДУИ била запознаена за големиот број на функции кои ги добива Алтернатива со договорот да стане дел од Владата и парламентарното мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Заев и лидерот на Алтернатива, Гаши вчера во Клубот на пратениците ја потпишаa програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство.

Со договорот Алтернатива треба да назначи министер за здравство, министер за Министерството за информатичко општество и администрација и министер без ресор задолжен за дијаспората, како и три заменици-министри, од кои еден во Министерството за образование и наука, еден во Министерството за култура, а за третиот ресор останува дополнително да се прецизира, иако било разговарано за заменик министер за земјоделство.

Алтернатива може да биде вклучена и во менаџирање на управувачките раководните органи во повеќе институции на централно и на подрачно ниво меѓу кои МЕПСО, Фондот за здравствено осигурување, Железници и Транспорт, Клинички центар – Тетово и Агенцијата за странски инвестиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ЛДП прво чекаат Заев да ги информира за договорот со Алтернатива, па ќе одлучат дали го прифаќаат

Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го осуди нападот врз Бислимоски

Редакција

Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот

Редакција

Пет новозаболени во тетовско, бројот на активни случаи со Ковид-19 намален споредено со пред еден месец

Редакција