еМагазин
Image default
Локално

Избеган малолетник од „Ранка Милановиќ“ ја нападнал мајка си и на продавачка и се заканувал со нож

На 21.01.2019 година во 14,30 часот во Полициската станица Гази Баба од Јавната установа “Ранка Милановиќ“ било пријавено дека истиот ден околу 09,45 часот нивен 17 годишен штитеник самоволно ја напуштил установата, информира МВР.

Истиот ден во 15,50 часот во Полициската станица Кисела Вода Љ.К.(47) од Скопје пријавила дека околу 14 часот во семејниот дом од страна на нејзиниот 17 годишен син, кој избегал од Јавната установа “Ранка Милановиќ“ физички била нападната.

Во Полициската станица Кисела Вода и Т.М.(39) од Скопје пријавила дека во продавница на улица “Христо Татарчев“ додека била на работното место 17- годишниот малолетник влегол со нож во раката и упатил вербални закани.

По преземени мерки од полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Потоа малолетникот бил вратен во установата од каде се оддалечил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОOУ „Киро Глигоров“: Нема да се гради никаков објект, ниту ќе се узурпира игралиштето во училиштето

Редакција

Трагедија: Младо момче од Кичево почина од струен удар

Редакција

Приведена 50-годишна дилерка од скопска Ќерамидница

Редакција