еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Изложба „1000 години Бигорски манастир“ во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба е поставена изложбата „1000 години Бигорски манастир“ реализирана во соработка со Бигорскиот манастир и ансамблот „Македонија“.

Музејот соопшти дека изложбата е пресек на духовното и материјалното богатство на манастирот во неговата богата историја од илјада години постоење.

„Дел од изложените материјали се и осум олтарни, две чудотворни, две тронски икони, Кивот од капакот на моштите, како и особено драгоцени и вредни предмети од XVIII, XIX и XX век – Митра, Игуменски крст, Епетрахил, Жезол, Рипиди со серафими…,“ соопшти Музејот на македонската борба.

Посетителите ќе може да ја посетат изложбата до 28 ноември согласно со актуелните мерки и протоколи за зашитита од Ковид-19.

Влезот е слободен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали сте подготвени за Вевчански карневал?

Редакција

Шест македонски научници рангирани во топ највлијателни светски научници на листата на „Стенфорд“

Редакција

Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?

Редакција