еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Како Марчело Клауре стана еден од најбогатите инвеститори благодарение на Мајк Зафировски: „Трчав со него во 6 наутро, едвај го стигав и му ја кажував визијата за бизнисот“

Еден од најбогатите луѓе во светот, Марчело Клауре, инвеститор и главен извршен директор на „Софт бенк“, на Самитот на Македонија 2025, ја раскажа приказната како се запознале со еден од најуспешните македонски бизнисмени во дијаспората и ко-основач на Македонија 2025, Мајк Зафировски, кој всушност му помогнал да стане  еден од најбогатите луѓе.

Клауре бил сопственик на компанијата „Брајд“, која се занимавала со дистрибуција на мобилни телефони. Компанијата „Моторола“ пак, на која Мајк Зафировски беше извршен директор, продаваше телефони на различни пазари во светот, а Клауре сакал, неговата компанија да биде дистрибутер на телефоните на пазарот на Латинска Америка.

„Шефот на Моторола во тоа време, не ме пушташе да дојдам до Мајк, не ми закажуваа состанок со него. Имав три компании, од кои две во Мексико Сити. Кога разбрав дека Мајк доаѓа во Мексико Сити, се обидов повторно да го видам.

Ми кажа дека трча, и дека ако сакам да се видиме, да се појавам во 6 наутро.

Трчав со него 46 минути, имав 46 години. Мајк беше брз, и главната цел ми беше да не се срушам. Но, за тоа време, му ја претставив целата бизнис идеја.

Мајк се согласи да ми даде кредит од 300 милиони долари, при што ѝ помогна на мојата мала компанија „Брајд“ да стане најголемиот дистрибутер на телефоните „моторола“ во Латинска Америка.

Мајк доста ризикуваше со овој потег, бидејќи ако не успеевме, ќе имавме проблеми и двајцата. Но, јас ја оправдав довербата и го вратив кредитот. Оваа можност што ми ја даде Мајк, беше отскочна даска во мојата кариера.

Мајк ми е голем пријател и имаше огромно влијание врз мојот живот. Јас и тој имаме големи сличности, и двајцата потекнуваме од мали земји, сме решиле да излеземе од комфорна зона и да ги водиме едни од најголемите компании во светот,“ рече Клаурe.

Мајк Зафировски кој онлајн го водеше интервјуто со Клауре, додаде дека, кога се мисли на претприемач, решителност и истрајност се главните квалитети, кои тој ги препознал во Клауре.

„Во тие 46 минути трчање, Клауре успеа да го визуелизира неговиот бизнис, потребна е јасна визуелизација што ќе постигнете и како,“ додаде Зафировски.

Клауре упати еден совет до сите, кој гласи дека, работата која што се работи треба да се сака и да се ужива во неа. Доколку си ја сакаш работата и уживаш во неа, ќе се мешаат бизнисот, средбата со пријателите, семејството. Тој многу често, каде што патува служебно, го носи и семејството.

„Имам пет ќерки и еден син, за време на ковид-пандемијата заминав во Париз со трите ќерки. Таму, имав средби со француски бизнисмени, во кои има голем потенцијал за инвестирање, а ќерките поминуваа прекрасно време.

Еден ден вообичено е мешавина на средби со пријатели, семејство и работа, односно една комбинација на љубовта кон семејството, пријателите и работата,“ вели Клауро.

Еден од најпознатите инвеститори во светот, сака и да спортува, односно трча и вози велосипед.

Спортот, според него, е многу важна работа, бидејќи те учи да имаш натпреварувачки дух.

еМагазин.мк беше медиумски покровител на Самитот на Македонија 2025, кој годинава поради пандемијата се одржа во хибридна форма. За догодина, Самитот се планира од 18 до 20 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот за 10 години ќе доживее таква промена, што не се случила во изминатите 200, рече еден од најбогатите луѓе на светот, Марчело Клауре на Самитот на Македонија 2025

Самит на Македонија 2025: Успешните бизнис-приказни треба да бидат мотив за постигнување на повисок животен стандард, кој зависи од секој од нас

Мојсоска Блажевски: Самит Македонија 2025 и годинава ќе опфати теми важни за нашата иднина, подобро деловно опкружување и поквалитетен живот на граѓаните

Зафировска од IT Labs: Во ковид-пандемијата, технологијата ни помогна да функционираме нормално

Фото/Македонија 2025

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 1,9 милион евра

Редакција

Починаа уште три лица од Ковид-19, вкупно 775

Редакција

Велешка питијада од 6 до 8. октомври, еве кој се ќе настапи

Редакција