еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Изложба на Дивна Пешиќ во Денвил, САД

Од Њујорк за „еМагазин“, Соња Панева

Убаво е чувството кога сте некаде далеку од дома и ќе добиете покана за посета на изложба од авторка Македонка, личност која сте ја запознале и сте поминале незаборавно време со неа многу години наназад.

Раскош и грандиозност во уметничките дела, налик на авторката, убавата Дивна Пешиќ, горда успешна Македонка, кавадарчанка, најдобриот стрелец во дисциплината малокалибарска и воздушна пушка, држејќи 37 државни рекорди во машка и женска конкуренција.

„Сликам кога ќе ме понесе инспирацијата, го пренесувам внатрешното чувство и емоции, боите се одраз на сите наши лични проблеми или доживувања од секојдневниот живот: љубовта, вистината, лутината, надежта, љубомората, страста, копнежот по недостижното,“ објаснува Дивна.

Дивна Пешиќ Грозданов е професионален спортист повеќе од 20 години. Досега таа двапати била шампион на Балканот и двапати учествувала на Олимписките игри (во Сиднеј, Австралија, 2000 година и во Атина, Грција, 2004 година).

Таа е рангирана меѓу најдобрите натпреварувачи на многу европски и светски натпреварувања. Својата кариера ја започнала како сликар кога имала само 13 години (масло на платно) и досега имала 20 големи изложби дома и во странство; Скопје, Њујорк, Мајами, Париз, Вашингтон, Дизелдорф, Љубљана, Истанбул.

Дивна Пешиќ е добитник на бројни награди на Американските уметнички вредности во: 2010, 2011, 2012, 2013, 2015, 2017, 2018 и 2019 година. Таа го освои првото место на Американските уметнички вредности во 2015 (www.americanartawards.com) во категоријата Апстракт со својата слика „Тешко да те сакам “, масло на платно и прво место во категоријата Апстрактен експресионизам со нејзината слика„ Гори го својот живот“, масло на платно. Дивна го освои првото место на ААА 2019 со својата слика „Македонско богатство“.

Таа беше избрана за прво место на Американските награди за уметност 2017, прогласена од 25 најдобри музеи и галерии низ САД и беше прогласена за најдобар апстрактен експресионист во светот! Дивна Пешиќ живее и работи во САД, мажена и мајка на две прекрасни момчиња.

Изложбата која се одржа вчера, 17 октомври, 2020 год во градот Денвил близу Њујорк, ја отвори градоначалникот на Денвил, Томас В. Андес, а присуствуваше генералниот конзул на Р.С.Македонија во Њујорк, Јордан Панев и многубројни љубители на уметноста и почитувачи на делата на Дивна Пешиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УСЈЕ со донација за Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје

Редакција

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Редакција

(Фото) За 8.800 евра, најбараниот автомобил MItsubishi Space Star достапен и во Македонија

Редакција