еМагазин
Image default
Локално

Измамена 84-годишна скопјанка: И зеле пари со лага дека ќерка и прегазила дете

На 31.03.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, на 30.03.2021 околу 16.00 часот едно лице телефонски ја известило дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која има повредено дете-мигрант, а потоа друго лице ѝ се претставило како нејзината ќерка и од неа побарало пари, информира МВР.

Исто така, според пријавеното, по кратко време пред зграда на подрачјето на Аеродром пријавителката на непознато лице му ја дала претходно договорената сума пари, а подоцна сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење на водата

Редакција

(ВИДЕО) „Македонија Блокира“ не успеа да го блокира патот кон Охрид

Редакција

Автобусите на ЈСП со неделен возен ред за време на претстојните празниците

Редакција