еМагазин
Image default
Македонија

Извештај на ИЈЗ: Најголемо намалување на бројот на заболени со Ковид-19 кај лицата на возраст од 10-19 години

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 24 до 30 мај регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=85, 38,6%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=43; 19,5%), 40-49 (n=35; 15,9%), 50-59 (n=32; 14,5%) и 20-29 (n=18; 8,2%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=3; 1,4%) и 10-19 години (n=4; 1,8%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи.

Најголемо процентуално намалување се регистрира кај лицата на возраст од 10-19 години (-71,4%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 109 (49,5%) лица од женски и 111 (50,5%) од машки пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на починати од Ковид-19 во Македонија се намалил за 35,1%

За една недела бројот на позитивни случаи на Ковид-19 се намалил за 40,4%

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР поради бришењето на клубот во Битола ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права

Редакција

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи, украла 600 илјади денари

Редакција

Двајца матични лекари се грижат за здравјето на цело Пехчево и прегледуваат ковид-пациенти

Редакција