еМагазин
Бизнис

Извозот зголемен за 33,8, а увозот за 38,5%

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – септември годинава изнесува 6.133.253.000 долари и бележи пораст од 33,8 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8.341.164.000 долари, што е за 38,5  проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Трговскиот дефицит, во периодот јануари –  септември годинава изнесува 2.207.912.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и фероникелот.

Во увозот, пак, најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари – септември годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуцко Петрол ја зголеми сопственоста во ОКТА

Редакција

Поради недоволна информираност и знаење, компаниите не излегуваат на Македонската берза

Редакција

Најудобните душеци за спиење во своето јадро ја имаат специјалната јаглеродна жица произведена во „Брако“од Велес

Редакција