еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Извршителите ќе продолжат да ги наплаќаат долговите на граѓаните, заврши забраната заради корона кризата

Комората на извршители соопшти дека заврши грејс периодот за наплата на неплатените сметки и долгови кои граѓаните и компаниите ги имаат кон разни фирми и доверители.

Од денеска извршителите продолжуваат со редовните наплати откако истече важноста на владината Уредбата со која беше предвидено 30 дена по престанувањето на вонредната состојба да продолжи целосната примена на Законот за извршување.

„Согласно последната Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување, важењето на Уредбата е уште 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, а која заврши на 23.06.2020 година, што значи дека од 24.07.2020 година продолжува целосната примена на Законот за извршување,“ се вели во соопштението на Комората на извршители.

Според официјалните податоци до март биле блокирани повеќе од 106.000 сметки, од што 26.000 биле на правни лица, а 80.000 на граѓани.

Од Комората додаваат дека иако извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите било запрено, сепак целосно не била стопирана пресметката на каматата на долгот што го имале.

До важноста на рокот со кој извршувањето не се спроведуваше не се плаќаа задршките на плати или од сметки за извршните решенија, односно банката не ја задржуваше висината на договорената рата, но на постојните долгови се пресметуваше камата, објаснуваат извршителите.

Тоа практично значи дека по завршување на грејс-периодот износот што ќе треба да се враќа ќе биде зголемен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали од законот за отпис на камати и репрограмирање долгови: Кој ќе „куртули“ од извршителите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни сите дојави за бомби во училиштата во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко

Редакција

По сомнежот за труење со храна, спроведена вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом Пелагонија

Редакција

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

Редакција