еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Извршителите не смеат да вршат присилни наплати до 30 јуни

Владата на седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, до 30 јуни 2020 година.

„Според оваа Уредба се утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка, со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови, со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба,“ информираат од Влада.

Уредбата утврдува дека работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со Член 1 на оваа Уредба, односно до 30 јуни 2020 година.

Основните судови се должни да донесат одлуки по поднесените приговори за незаконитости при извршувањето врз основа на Член 86 од Законот за извршување, а Апелационите судови по поднесените жалби против решението на судот по приговор врз основа на член 87 од Законот за извршување, со цел да се создадат услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Колку од заболените со коронавирусот во Македонија се со хронични заболувања

(Графикон) Просечната возраст на заболените со коронавирусот во Македонија е 43,8 години

Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стапката на невработеност во Македонија лани била 16,4 отсто

Редакција

Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, уверува Бектеши

Редакција

Поевтинува парното во Скопје

Редакција