еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Kонститутивната седница на Собранието на 28. мај, ќе ја води највозрасниот пратеник

Kонститутивната седница на новиот состав на македонското Собранието ќе биде на 28. мај во 11 часот, информираа од Собранието.

Како што информираат од таму, во согласност со Деловникот, со конститутивната седница до изборот на новиот претседател треба да претседава највозрасниот по години пратеник. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседателот на Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Трамп: Го осуди повторно насилството во Капитол, но не кажа ниту збор за импичментот

Редакција

Боки 13 во Обвинителството за да заврши со поднесувањето кривични пријави против функционери и бизнисмени

Редакција

(Видео) Масакар во Тексас: Најмалку 20 лица се убиени во продавница на „Волмарт“

Редакција