еМагазин
Image default
Бизнис

Кај дел од фирмите кои ја злоупотребија државната помош извршена присилна наплата

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска денеска на прес-конференција, информира дека кај дел од компаниите за кои беше утврдено дека ја злоупотребиле државната помош, веќе е извршена присилна наплата, додека кај други во тек е спроведување на дејства за присилна наплата.

– Кај одредени компании пуштени се опомени и по извесниот рок на опомената се врши присилна наплата. Некаде веќе е завршена присилната наплата, односно се блокирани и одземени тие средства, а некаде се уште сме во фаза на спроведување на дејствија на присилна наплата, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање.

Во тек се интензивни контроли во соработка со Државниот инспекторат за труд за исплата на државната помош за ноември. Директорката Лукаревска најави повеќе детали за скоро време.

– За ноември има поднесени 13.851 барање за 13.090 компании кои добиле помош, а се однесува за 65.537 вработени. Анализата ја правиме во делот на оваа ноемвриска плата дали е исплатена државната помош и за многу кратко ќе излеземе со информација, рече Лукаревска на прес-конференцијата во Владата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог одлука ОКТА да дели дивиденда

Редакција

МВР распиша тендер за набавка на виндјакни за полицајците тежок 975.000 евра

Редакција

Измените на Законот за игри на среќа ќе ја збришат индустријата- без работа остануваат повеќе од 8.000 луѓе

Редакција