Во гостиварско изминативе 24 часа се регистрирани два случаи на инфицирани со Ковид-19. Едниот случај е откриен со скринигот на вработените во детските градинки, а вториот е потврден по смртта на пациентка која била донесена на реанимација во гостиварската болница.
Според Јакуп Јакупи, директор на општата болница „Ферид Мурад“ вчера попладне во урегентната единица била донесена повозрасна жена без знаци на живот и врз неа била правена реанимација, а по неуспешниот обид кај неа е откриено присуство на корона вирусот.
– Вчера попладне, била примена пациентка од селото Топлица, општина Врапчиште со коморбидети и без знаци на живот. Колегите се обиделе да ја вратат во живот, но за жал не успеале во тоа. По случајот се преземени сите мерки кои ги налагаат протоколите и кај неа пост мортум е откриен Ковид 19.
Набрзо потоа во соработка со центрот за јавно здравје и епидемиолозите направена е дезинфекција. Дежурната екипа и лицата кои имале контакт со починатата се испратени во самоизилација, изјави за МИА директорот Јакупи.
Јакупи потврди дека имало неколку часовен застој во работата на ургентното одделение, но со доаѓањето на резервниот тим и спроведената дезинфекција, работата се одвива нормално. По случајот, во самоизолација се наоѓаат десетина лица.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари потврди дека има нов случај на инфициран со Ковид19 во гостиварската општина. Тој е откриен со скринигот на вработените во установата која раководи со детските градинки.
– На територијата на трите општини во моментов има вкупно четири активни случаи. По два во општините Врапчиште и Гостивар, додека претходните два случаи во Маврово Ростуше се водат како излечени, изјави Таравари.
МИА/Фото: Општина Гостивар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе
Вработен во градинка во Тетово позитивен на корона вирусот
Нови 35 случаи на заразени со корона вирусот, од кои 22 во Скопје