еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кафетериите и рестораните преку недела ќе работат до полноќ, за викенди до 1 часот после полноќ

Владата, на седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што досега беше определено со овие протоколи.

Владината прес-служба соопшти дека измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивно објавување во „Службен весник“.

Претходно на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши, објави дека одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти подразбира работа до полноќ во работни денови и до 1 часот после полноќ за време на викенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настава ќе биде без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за изградбата на автопатиштата

Редакција

Поплавен рудникот „Суводол“, во прекин ископот на јаглен за РЕК Битола

Редакција