еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како да го пополните формуларот за влез во Грција: Што се бара и дали секој член од семејството го пополнува

Сите патници кои влегуваат во Грција, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна travel.gov.gr), најмалку 24 часа пред датумот на влез.

Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Грција (по копнен, воздушен и воден пат), образложија вчера подетално од Министерство за надворешни работи.

Откако влезете на travel.gov.gr треба да наведете детални информации од каде се тргнувате, адресата на престој, како и колку време претходно заинтересираниот за влез во Грција престојувал во трети земји.

За семејства се пополнува само една пријава.

По пријавувањето, од Грција на посочениот мејл ќе Ви биде испратена потврда со QR код, а при влез во Грција, покрај ПЦР-тест, потврда за прележан Ковид-19 или за примени сите дози на вакцина, ќе мора да се покаже и мејлот со QR кодот.

Пополнувањето започнува со клик на зеленото копче Start Here, кое потоа, чекор по чекор води кон бараните информации.

Освен овој код, патниците се должни да поседуваат сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа, согласно домашното законодавство и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против Ковид-19.

Сертификатот за вакцинација треба да содржи: име и презиме на лицето, како што е наведено во пасошот, видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на нивното примање.

Алтернативно, заинтересираните за влез во Грција, треба да имаат негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Патниците алтернативно можат да остварат влез и со потврди дека прележале Ковид-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од два до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста.

Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Овие обврски важат и за малолетни деца над пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Кои се условите за патување во Грција до 24 мај

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар кај Фурка, интервенира и армиски хеликоптер

Редакција

20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани

Редакција

Менаџерот Роберт Голоб го победи Јанез Јанша на парламентарните избори во Словенија

Редакција